Џет-Сет
1. February 2017 - 12:39

Македонскиот стилист за кој кружеа гласини дека е ХИВ позитивен искрено проговори

Деновиве во утринската емисија „Ја сакам Македонија“на ТВ Сител, водителката Јована Стојменовиќ водеше разговор на нестандардна тема со македонскиот стилист Љупчо Петрушевски или Бубе Ин, за кој кружеа гласини дека е ХИВ позитивен. 
 
-Бедно и безобразно е да се зборува за нешто што не е така. Сакаа жив да ме закопаат. Од илјадници пријатели кои ги имав, сега се бројат на една рака, вели Бубе и додава дека во период додека лежел на инфективно одделение поради влошената здравствена состојба со дијагноза енцефалит – далеку точна од шпекулациите, слушал се и сешто за себе.
 
Тој вели дека сега се чувствува одлично и речиси закрепнал, а  наскоро ќе и се врати на работата во својот фризерски салон на кој е посветен многу години.