Ракомет
25. December 2016 - 15:31

Македонскиот шампион Вардар дел од прославата на Веспрем

 Македонскиот ракометен шампион Вардар ќе биде дел од прославата на шампионот на Унгарија, Веспрем, по повод 40 годишното постоење.
 
на крајот на август идната година ќе организира турнир каде што покрај Вардар, ќе настапат Келце и Целје
 
Најдобриот унгарски тим, Веспрем во 2017 ќе прослави 40 години од своето постоење. Како дел од овој јубилеј, кон крајот на август ќе се одржи и силен турнир, на кој покрај домашниот тим ќе и македонскиот првак Вардар учество ќе земат и екипите на актуелниот европски првак Келце првакот на Словенија, Целје.
 
Унгарскиот тим се надева дека јубилејот ќе го пречека како нов клупски „владетел“ во Европа, односно дека ќе успее да триумфира во тековната сезона во Лигата на шампионите. Минатата, Веспрем во неизвесното финале загуби од Келце со 39:38 по изведувањето на пеналите.