Ракомет
19. јуни 2017 - 10:18

Македонскиот селектор веќе е Гонзалез национале!

Нема дилеми селекторот на македонската ракометна репрезентација Раул Гонзалез е новиот спортски херој на македонскиот спортски аудиториум. Освои европски трофеј со Вардар а под негово водство нашите ракометари одиграа врвен ракомет против Чешка и се пласираа на ЕП во Хрватска. 

Шпанецот патем и одлично говори македонски со што покажа дека веќе го има прифатено македонскиот сензибилитет што е најважно за успех на националниот тим. 
Ова е неговото селфи во соблекувалната по мечот кое ги одушеви сите....