Македонија
25. October 2017 - 17:11

Македонскиот пасош отвора 108 граници

Македонскиот пасош е рангиран на 84 то место во светот, според глобалниот индекс за пасоши. Тоа значи дека нашите граѓани без визи можат да патуваат во 108 светски земји. На листа сме во ист ранг, односно на 41 ниво, со рускиот и кирибатскиот пасош.  Во балкански рамки , пред нас е српскиот пасош кој се котира на 79-то место, а Хрватска и Словенија кои се земји членки на ЕУ се  на 38то односно 30 тото место.   
 
Зад нас се Црногорците кои без виза можат да патуваат во 105 земји, БИХ  во 101,а на Албанците не им требаат визи за 97 земји.  Далеку доле, речиси на дното на листата  на 181 то место е Косово, во друштво со  Конго и Судан.  Најмокен пасош на светот е сингапурскиот. Со него без визи патува може да се патува  во 159 земји. Втор по сила е пасошот на Германија, а трета пна списокот е шведската патна исправа.
 
Ова е првпат во историјата пасошот на една азиска  земја да се искачи на самиот врв на глобалниот индекс . 
 
За разлика од сингапурскиот, американскиот пасош , полека но сигурно се спушта  надолу откако Трамп влезе во Белата Кука. Тој е рангиран  на 21 местооткако  Турција и Централната Африкансак Република  го вратија визниот решим за американските грагани, незадоволни од официјалнат полтика на Вашингтон. Индексот сепак  покажува дека  традиционално,најпривилегирани се граганите на земјите на ЕУ , кои со своите патни исправи, без визи, можат да патуваат во најголем број земји во светот.