Loading Video...
Спорт плус
6. јуни 2018 - 17:36

Македонскиот олимписки медалист, Ибрагимов, со донација за нашите борачи

Бронзениот македонски олимпиец Могамед Ибрагимов со донација ќе се обиде да придонесе за враќање на македонското борење на старите патеки на слава. 
 
Могамед Ибрагимов кој  на Олимпијадата во Сиднеј 2000 година го освои бронзениот медал, засега единствениот за Македонија како самостојна земја, со донација ќе ги помогне нашите борачи, во настојувањата да изборат подобри резултати, па можеби еден ден,одново борењето да ни донесе радост. 
 
Ибрагимов, преку здружението „Нима Спорт“, денеска донираше осум комплети душеци за борење на боречките клубови.