Македонскиот накит низ вековите на изложба во Археолошкиот музеј
По повод Меѓународниот ден на жената, Археолошкиот музеј на Македонија денеска ќе ја отвори за јавност изложбата „Накитот низ вековите од Република Македонија“, која досега беше претставена во Софија и во Њујорк.
- Во 2015 во Бугарија и во 2016 во САД, изложбата привлече големо внимание и интерес во земјава и странство. Со цел да излеземе во пресрет на македонската јавност, таа ќе може да се види и во Скопје, соопшти Археолошкиот музеј.
На изложбата ќе бидат презентирани 68 копии од експонати кои претставуваат сведоштво за културниот континуитет и идентитет, уметничките тенденции и иновативниот дух на луѓето кои егзистирале на оваа територија од времето на праисторијата до крајот на 20 век или речиси девет илјади години континуитет.
Ќе бидат презентирани и неколку копии на тоалетни сетови за етерични масла, шминка и кутии за накит, а идејната концепција ќе ја надополнат и адекватно одбраните теракотни антропоморфни фигурини на кои изворно се претставени украсни елементи.
Експонатите ќе бидат изложени во пет витрини. Изложбата дополнително ќе биде збогатена со илустративно-едукативен материјал - банери, постери, видеопроекции, легенди и каталог.
Ново на Сител
-
За еден месец изгорени над 400 хектари шума во Националниот парк Шар Планина
-
Во март зголемени потрошувачките, станбените, автомобилските и кредитите на тековните сметки
-
Приведен 20-годишник кој бил баран со потерница поради бегство од Затворот Гевгелија
-
Боки 13 бара повторено судење за „Рекет“ - има докази со кои ќе покаже каде завршиле парите од чантата Луј Витон
-
Советот НАТО-Украина ќе одржи вонреден состанок за противвоздушната одбрана на Киев
-
Спречен нов атентат врз Зеленски, уапсен Полјак кој соработувал со Русите
-
Бојмацалиев: Една година ФРОНТЕКС - прв договор потпишан на македонски јазик со ЕУ
-
Избрани 12 поротници за судењето против Трамп