Македонија
18. July 2018 - 11:02

Македонскиот филм „Џган“ прикажан на престижниот фестивал во Пула

Македонскиот игран филм „Џган“, по сценарио и во режија на Вардан Тозија, а продуциран од Огнен Антов,  беше прикажан на еден од најголемите и најпрестижните фестивали во регионот, филмскиот фестивал во Пула, Хрватска.

На 60. издание на фестивалот филмот во прекрасната Пулска Арена беше прикажан во  секцијата ЏГАН како единствен селектиран филм од целиот регион, информираат продуцентите на филмот.

Македонски филм Џган (Амок)

Македонски продуцент на филмот е Дрим Фектори, ко-продуцент е Red helicopter films од Албанија. Филмот е финансиски поддржан и од Агенцијата за филм на Република Македонија.

Ова е нов успех за филмот „Џган“, кој досега беше прикажан на повеќе од 25 филмски фестивали ширум светот.