Бизнис
11. April 2016 - 19:35

Mакедонскиот бизнис трпи милионски штети од мигрантската криза

Домашните стопанстевници со денови  ја чекаат  потребната опрема за работа, извозниците  не можат да ја  пласираат стоката до странските партнери.  Проблеми во работата може да се јават и кај инвеститорите во зоните.  Протестите на мигрантите на пругата кај Идомени го загрози работењето на  фирмите. И за добавувачите и за макеоднските бизнисмени, пристаништето во Солун е најповолно. Пренасочувањето на стоката во Бар или БУргас ќе ги зголеми нивните трошоци до 40 отсто. Се стварува дека партнерите ќе почнат да ги откажуваат нарачките.  Бизнисмените апелираат  дека е неопходно состојбата  што е можно побргу да се реши/

Штети бројат и од макеоднски желецници. Вагоните на МЖ Транспорт 23 дена стојат заглавени и на македонска и на грчка страна. Претпријатито досега е  има загуба од еден милион евра.

Револтирани поради тоа што мора да ги напуштата камповите, мигрантите вчера се судрија со македонската полиција.  Во изминатиов период бегалците неколку пати го отежнаа работењето на домашните извозници. Последен пат тоа се случи во ноемрви лани.