Македонскиот амбасадор во Австралија на средби во Владата и Парламентот во Западна Австралија
Амбасадорот на Република Македонија во Австралија Веле Трпевски, заедно со почесниот конзул на Република Македонија Зоран Жосески и Драган Богдановски аташе во македонската Амбасада и претстедателот на Македонско западно-австрслиската стопанска комора Крис Вржовски, за време на работната посета на Федералната австралиска држава Западна Австралија се сретнаа со претседателот на Владата на Западна Австралија Марк Макгауан.
Македонскиот амбасадор Трпевски и конзулот Ќосески исто така се сретнаа и со лидерот на опозицијата Мајк Нахан, како и со бројни владини министри задожени за политичи и економски врски.
На средбите станало збор за развојот на македонско-австралиските политички, трговски и деловни односи со посебен акцент на Република Македонија како атрактивна бизнис и инвестициска дестинација во Европа. Заеднички е констатирано дека досегашниот пример на политички и бизнис контакти на австралиските фирми со македонското стопанство е добар почеток за натамошен развој и влегување на поголем австралиски капитал во Македонија.
Амбасадорот Трпевски и премиерот Макгауан разговарале и за културниот развој на македонската заедница во Австралија, за нејзините напори за зачувување на јазичниот и културниот идентитет во рамките на мултикултурна Австралија, како и за интензивирање на севкупните политичи и економски односи помеѓу Македонија и Австралија.
Во рамки на посетата во Парламентот е приреден и прием на кој присуствувале претставници на Владата и опозицијата, како и од македонската заедница.
Ново на Сител
-
СДСМ: Нема ништо ново во понудата на ВМРО-ДПМНЕ
-
И Италија ќе го чува македонското небо
-
Објавен конкурсот за уписи во средно училиште
-
Битолчанка пронашла граната додека копала нива
-
До вторник сончево и топло до 29 степени
-
Нето надворешниот долг на крајот на 2023 година изнесувал 4.458 милиони евра
-
Тетовци се жалат дека не можат да излезат од дома поради глутниците
-
Три млади лица загинаа во тешка сообраќајка во Кичево