Бизнис
23. October 2018 - 19:38

Македонски Железници - Транспорт најголем должник меѓу државните институции

МЖ Транспорт  најголем должник  од сите буџетски корисници. Доспеаниот,  а неплатен долг на претпријатието изнесува 45,6 милиони евра.

Министерството за финансии објави дека јавниот сектор заклучно со септемрви должи околу 307 милиони евра-  97, 5 милиони отпаѓаат на Општинте остатокот од  210 милиони евра  се долг од  јавните и државните инситуции и претпријатија.

На листата на министертвото за финансии меѓу оние со повисоки долгови се Проаква со досепани, а неплатени долгови во висина од 14,5 милиони евра, Служба за општини и заеднични работи за потребте на клиниките со долг од 12, 5 милиони евра , потоа е Македондски енергетски  ресурси  со  долг од 7 милиони евра.

Од владата вчера соопштија дека државата ќе покрие 51 отсто од долгот на Општините.  На нивните сметки ќе легнат околу 50 милиони евра. Парите се  предвидени со ребалансот на буџетот. Остатокот до 97 милиони евра ќе треба самите да го сервисираат. За дел од аналитичарите пак со ваквиот начин се толерира неодговорното работење.

Со покривањето на долговите на Општините се толерира неказнивост на градоначалниците кои работеле неодговорно, велат од центарот за економски анализи.

Министерот Тевдовски посочи дека вкупниот долг на јавниот сектор е за 56 милиони евра помал од она што било пријавено во мај.