Македонија
11. May 2021 - 12:11

Македонски војник сомнителен на јужноафриканскиот сој попладнево ќе биде донесен во Македонија

Пациент заразен со коронавирус, во тешка состојба, пристигнува во Македонија и се очекува да биде сместен на Клиниката за инфективни болести, дознава Фокус од извори на клиниката, кои коментираат дека се чувствува паника кај дел од колегите.

Министерот за здравство, Венко Филипче во понеделникот потврди дека доаѓа ваков пациент со посебен транспорт од Африка.

„Се работи за војник, македонски државјанин, бил во база каде нема услови да биде лекуван. Засега нема типизација за каков сој коронавирус се работи, но пациентот ќе биде сместен во изолација“, рече Филипче.

Сојот на коронавирусот SARS-CoV-2 означен како B.1.351 првпат беше идентификуван во Јужноафриканската Република. Досега во Македонија не беа регистрирани случаи на зараза со оваа варијанта на вирусот, но се смета дека е позаразна од досега познатите соеви.