Македонија
27. May 2016 - 10:09

Македонски шуми и Противпожарниот сојуз ќе потпишат меморандум за соработка

ЈП „Македонски шуми“ - Скопје и Противпожарниот сојуз на Република Македонија денеска ќе потпишат меморандум за соработка. 

Меморандумот ќе го потпишат директорот на Македонски шуми Жарко Караџоски и претседателот на Сојузот Никола Николов. 

Како што соопштија од Македонски шуми, со потпишување на протоколот за соработка помеѓу овие две институции ќе се официјализира меѓусебната соработка во областа на заштита на шумите од пожари.