Бизнис
25. January 2017 - 20:43

Македонски шуми електронски ќе ја следи испораката на дрва

Наместо рачно напишана испратница, електронско следење во реално време на испоракатата на огревно дрво од шумата, па се до крајниот потрошувач.

Со инвестиција од 530 илјади евра, Македонски шуми се опреми уреди и софтвер со кој велат дека ќе се спречат кражби и злоупотреби на претпријатието, а граѓаните ќе добијат побрза и навремена испорака на дрвната маса.

- Ова е револуција во работењето на „Македонски шуми“. Досегашното рачно правење испратници, фактури, евидентирање, книжење што беше голем проблем, е заменето со најсовремено софтверско и хардверско решение. Контролите сега ќе бидат многу лесни зашто буквално се ќе се следи. Нема да има простор за какви било злоупотреби, фактури и испратници ќе се издаваат на самото место. Ако некој не платил или има долг кон „Македонски шуми“, не ќе може да реализира набавка, истакна Караџоски на прес-конференција.

Податоците кои вработените ги се внесуваат во софтверот од почетокот на годината се достапни не само за државната компанија, туку и за надлежната инспекција, шумската полиција, ресорното министерство и други институции.

Од Македонски шуми инфиромираа и дека е распишан повик за продажба на дрва на регистрирани складови.

Годишниот прилив на компанијата лани надминал 29 милиони евра.