Бизнис
7. October 2019 - 17:13

Македонски пошти вработува нови 80 лица - бројот на поплаки годишно достигнува до 1.500

Македонска пошта вработува 80 лица на неопределено. Претпријатието преку оглас бара преведувачи, шалтерски работници економисти, правници.

Во зависност од позицијата платите се движат од 16 до 24 илјади денари.

Директорот на Македонска пошта Рустеми објаснува дека новите луѓе се неопходни, затоа што последните вработувања биле направени пред три години, во 2016 та. Тогаш биле вработени 144 лица. Но од тогаш до сега по разни основи од Македонска пошта си заминале над 200 работници.

Во последните две години,  од 2018  во АД“Пошта на Северна Македонија“ – Скопје, работниот однос по разни основи им престанал на вкупно 210 вработени.

За да бидеме поблиску до нашите корисници на услугите и да можеме во целост да одговориме на законските обврски, во сите Единици на поштенска мрежа треба да има шалтерски работници. Поради тоа, а со цел нормалното функционирање на тековните работи во Дирекцијата и Подружниците на Друштвото, се јавува потребата од пополнување на работните места наведени во огласот, се вели во дописот од Македонска пошта.

Изминативе години поплаките од граѓаните за услугите од македонска пошта не стивнуваат.

Според последните податоци бројот на рекламации во 2018 изнесуваат 1.492 . Најголем број се за изгубени, оштетени поштенски пратки и за  пречкорување на рокот за достава.

Македонска пошта веќе некоку години работи и со загуба. Во 2017 загубите изнесувале  3 милиони евра. Во 2018,  2,7 милиони евра.  Годинава пак директорот Рустеми вели дека финансиската состојба  се подобрува. Иако загубите во првите шест месеци се речиси 500 илјади евра во споредба со истиот период лани  има намалување за околу 1 милиони евра.

Според податоците на ДЗС пак низ годините континуирано опаѓа и бројот на пратки и писма. Меѓународните финансиски институции неколкупати препорачаа поштенскиот пазар да се либералзиира за да се зголми конкурецијата. Иако просецот требаше да почне годинава, се одложи  за следната.

Во Македонска пошта во моментов работат  над  2000 лица.