Живот
11. August 2015 - 16:28

Македонски пејач доживеа несреќа кај Велес

Пејачот со потекло од Македонија, кој долго време живее и работи во Швајцарија деновиве доживеал тешка сообраќајна несреќа на патот Чашка-Велес.

Пејачот Мусти Изеировски сакал да го искористи неколкуте дена во Македонија за да се види со сите свои пријатели, но на патот Чашка-Велес несовесен граѓанин во алкохолизирана состојба предизвикал голема сообраќајна несреќа. Според првичните извештаи станува збор за лице во алкохолизирана состојба со околу 2 промили алкохол во крвта.

1mus.jpg500

За среќа Мусти поминал со мали повреди, но бил психички потресен и разочаран од невниманието на сограѓанинот кој се вклучил во пијана состојба во сообраќајот, а полицијата по 12 часа му ја вратила сообраќајната дозвола. Неговиот автомобил марка BMW 630 Cabrio поминал потешко, па пејачот морал да го прати во овластениот сервис во Швајцарија.

2mus.jpg500

Мусти Изеировски на гости кај Ване Маркоски во „МакСцена“ на РСМ

Во меѓувреме младиот пејач Мусти Изеировски работи на нов материјал за македонскиот пазар, а јавноста веќе во септември ќе ги види неговите нови материјали кои се прават во соработка со искусни музичари од соседна Србија.