-->
-->
Македонски параглајдерист светски вицешампион
-->
Со последните ажурирања на резултатите од Европскиот параглајдинг куп што се одржа во Урои, Романија, врвниот спортист Борјан Јованоски се искачи на второто место на светската ранг-листа во параглајдинг, дисциплина прецизно слетување.
– Македонскиот небесен стрелец погодува секој пат и тоа го донесе до светски успех. После ажурираните резултати од Европскиот куп кој се одржа во Романија, Урои, Борјан доби повисоко место на светската ранг-листа. Воздухопловната федерација на Македонија се гордее со постигнатите резултати и успеси на македонскиот врвен спортист. Но патот до врвот не е лесен. Овој млад човек е спремен да патува и по 2000 километри со комбе со неговиот тим за да и донесе успех на нашата држава.Тоа е навистина за почит. Во него гледаме пример за самодоверба и ентузијазам, се надеваме дека и останатите ќе го следат тој пример. Секој млад човек има потенцијал да стане врвен спортист, а ние за тоа се залагаме, изјави Биљана Еверетте, генерален секретар на Воздухопловна федерација на Република Северна Македонија.
Борјан Јовановски овој период тренира и се подготвува за Светско првенство во Вршац, Србија, во септември, каде што ќе учествува со членови на национална репрезентација во параглајдинг.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Ангеловски: Пронајдена испукана димна бомба на гласачко место во Скопје
-
Излезноста до 11 часот на избирачките места во Кочанско е околу 13 отсто
-
Сончево, попладне со услови за краткотраен дожд
-
Излезноста до 11 часот е 12.78 отсто
-
Платил преку интернет 21 илјада евра за роба која не стигнала, измамен тетовец
-
79-годишен дедо нападнал полицаец во Куманово
-
Грк починал во битолско казино
-
Во Штип на гласање до 9 часот излегле 5,27 отсто од гласачите