Македонски државјанин учествувал во тешка сообраќајна несреќа во Албанија
Македонски државјанин учествувал во тешка сообраќајна несреќа во која едно лице го загубило животот, а четворца се повредени. Несреќата се случила вчера во близна на селото Туман кај градот Круја во централна Албанија.
- Во несреќата учествувале комби возило натоварено со овошје, зеленук и други прехранбени артикли, во кое имало две лица, и автомобил БМВ во кое патувало семејство на Албанци од Македонија. Во директинот судар, тешки повреди добил возачот на комби возилото З.Т.(38), кој бил транспортран во Воената болница во Тирана, каде починал како последица од повредите, потврдила полицијата за телевизија Ора њус.
Според истот извор, повредени биле совозачот во комбито, Е.Д.(34), жител на северниот албански град Кукс, како и патниците во автомобилот со кој управувал македонскот државјанн В.М.(41), неговите две малолетни деца ( 9 и 12 ), како и неговата мајка Ф.М.(63). Сите повредени се вон животна опасност.
Ново на Сител
-
Мачка се држи за рачка на врата од автомобил во поплавите во Дубаи | ВИДЕО
-
За викендот дожд и грмежи, а на планините снег
-
Над 3000 вработени во културата оставени без плата
-
Србија: Приведени четворица припадници на косовската полиција
-
СПМ: Пендаровски секогаш бара вина кај другите
-
Османи: Петмина косовски полицајци се држат во заложништво во Србија
-
Неделков: СОНК нема да дозволи исплата на плата спротивно на Колективниот договор за дејноста култура
-
Над 20 слаби земјотреси регистрирани во Турција