Македонски државјанин тешко повреден во сообраќајка во Албанија
Македонски државјанин тешко е повреден во сообраќајна несреќа, што се случила во близина на албанскиот приморски град Саранда, јави телевизија Ора њуз.
Од се уште непознати причини Т.К.(44) кој управувал со автомобилот „шкода“ со скопски сообраќајни ознаки, изгубил контрола врз возилото, скршнал од коловозот и удрил во карпа покрај патот.
Возилото се движело од Саранда во правец на познатото одморалиште Ксамил. Возачот кој се здобил со тешки повреди е пренесен во регионалната болница во Саранда, но според последните информации е вон животна опасност.
Ова е трета сообраќајна несреќа овој месец во којa учествуваат македонски државјани.
На први август на патниот правец Елбасан – Пеќин во директен судир учествувал македонскиот државјанин М.К.(38), со возило „мерцедес“, при што се здобил со полесни повреди. Во несреќата животот го загубил сопатникот во возилото „сузики“ управувано од жител на Елбасан.
На истиот патен правец, на петти август, дошло до садар на три возила, автомобил „шкода“, управувано од А.И.(45) жител на Кучово, кај Берат „алфа ромео“ управувано од Н.Х., како и автомобил „мерцедес“ управуван од Р.Б. државјанин на Северна Македонија.
Во несреќата животот го загубила сопатничка во шкодата, додека со полесни повреди се здобиле тројцата возачи.
Ново на Сител
-
ЈСП Скопје: Можни се технички проблеми при валидирање со телефон или апликацијата „Скопска“
-
Ангелов: Би работел за СДСМ но за плата од 5000 евра
-
МЗШВ: Лозарите добиваат гарантирана откупна цена на винското грозје
-
Македонија и 11 членки на НАТО ја зајакнуваат соработката за обука на воени пилоти
-
ССМ на 2 април на протест поради одлуката на Врховниот суд, ќе протестира и на 1 мај
-
Полицајци спроведуваат политичка кампања, училиште претворено во штаб на ДУИ
-
Приведено уште едно лице за убиството на докторот во Железара
-
Вработените во здравството најавуваат протест на 8 април