Македонски државјанин баран со меѓународна потерница уапсен на Ќафасан
Македонски државјанин утрово е уапсен на граничниот премин Ќафасан на албанско-македонската граница кај Струга, откако при контролата било утврдено дека се бара со меѓународна потерница издадена од Интерпол Бугарија.
Според албанската полиција станува збор за Р.Х.(52), кој се бара за кривично дело „кршење на законот против монетарниот и кредитниот систем“.
– Македонскиот државјанин Р.Х. жител на Скопје беше уапсен при влез во Република Албанија, бидејќи при проверката на документацијата во системот, беше утврдено дека се бара со меѓународна потерница. Потерницата е издадена од канцеларијата на Интерпол, Софија по барање на Судот во Благоевград, Бугарија, за кривично дело за кое бугарскиот кривичен законик предвидува максимална затворска казна во траење од осум години, стои во полициското соопштение.
За понатамошно дејствување информирана е Канцеларјата на Интерпол Тирана со цел негова екстрадиција во Бугарија.
Ново на Сител
-
ТФТ домаќин на Берое во дуел од БИБЛ лигата
-
Мијалков и даде нова енергија на опoзицијата, за едни случајот е циркус за други боливудско сценарио
-
Галовеј: Многу е важно јакнењето на довербата во правната држава
-
Османи од Париз замина во Софија, историчарите утре на нова средба
-
Пристигна нова пратка од српската донација на вакцини, Владата денеска одлучува по договорот за Спутник
-
За петпати зголемен бројот на полиси за здравствено осигурување
-
Угостителите ги поставија масите и го седнаа Битиќи на преговори пред Влада
-
Ветувањето за недела неработен ден одложено до септември