Македонски државјанин баран со меѓународна потерница уапсен на Ќафасан
Македонски државјанин утрово е уапсен на граничниот премин Ќафасан на албанско-македонската граница кај Струга, откако при контролата било утврдено дека се бара со меѓународна потерница издадена од Интерпол Бугарија.
Според албанската полиција станува збор за Р.Х.(52), кој се бара за кривично дело „кршење на законот против монетарниот и кредитниот систем“.
– Македонскиот државјанин Р.Х. жител на Скопје беше уапсен при влез во Република Албанија, бидејќи при проверката на документацијата во системот, беше утврдено дека се бара со меѓународна потерница. Потерницата е издадена од канцеларијата на Интерпол, Софија по барање на Судот во Благоевград, Бугарија, за кривично дело за кое бугарскиот кривичен законик предвидува максимална затворска казна во траење од осум години, стои во полициското соопштение.
За понатамошно дејствување информирана е Канцеларјата на Интерпол Тирана со цел негова екстрадиција во Бугарија.
Ново на Сител
-
Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан
-
Врховен задутре ќе одржи јавна седница по жалбата на таткото на Вања против мерката притвор
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари