Македонската заедница од Австрија бара да не се укине правото на глас на дијаспората
Македонската културна заедница „Св. Наум Охридски“ од Виена изразува незадоволство и загриженост во врска со укинувањето на правото на претставник од дијаспората и бара од претседателот на државата да не го потпише указот.
Во писмото упатено до претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов дијаспората од Австрија бара да не го потпишува указот со што, како што наведуваат, ќе спречите да ни се нанесе голема неправда.
- Доколку се укине правото на глас на македонската дијаспора, ќе се укине врската која ние Македоците во дијаспората ја имаме со нашата татковина. Правото да имаме претставник ние Македонците од дијаспората има големо значење за нас, затоа што преку него ние ги изразуваме нашите национални чуства и припадност кои ги пренесуваме и на нашите потомства. Затоа бараме од Вас како претседател на сите Македонци во светот да ги заштитите нашите права и да не ни го ускратите нашето право, наведуваат во писмото.
Ново на Сител
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 13 часот
-
Просечна излезност до 11 часот
-
ОБСЕ: На крајот на денот ќе оцениме како се одржало гласањето
-
Аналитички центар на Сител: Просечна излезност до 9 часот
-
Министерот се премисли: Основците нема да одат на училиште во сабота
-
Агресијата кај учениците е резултат на целокупната состојба во државата
-
ВО ЖИВО: Нема настава во сабота
-
Тема на денот со претседателот на ДИК, Александар Даштевски