Македонија
20. March 2018 - 19:11

Македонската влада доставила до Атина своја нацрт спогодба за спорот за името

Грчката нацрт спогодба е пристигната во Скопје, а  македонската е испратена во Атина, открива премиерот Заев.  Тој не сакаше да коментира што конкретно содржат двете верзии, но  потенцираше дека се работи само за алатки во постигнување на конечната цел, а тоа ке биде нацрт договор на Обединетите Нации во кој ке бидат  усогласени ставовите на двете страни.

Македонското министерство за надворешни работи  во моментов детално го  анализира грчкиот  нацрт договор кој  во Скопје пристигна пред неколку дена. Димитров вели дека од она што досега може да се забележи верзите на двете страни,  македонската и грчката,  се разликуваат.  Се надева дека овие разлики ке се  надминат на средбата со Нимиц наредната недела во Виена.

Според Димитров решението е можно, доколку и двете страни мислат на иднината, а очекува токму аргументите од македонската нацрт-спогодба да имаат значително влијание во процесот кој се води за надминување на разликите.