Loading Video...
Фудбал
7. October 2019 - 16:49

Македонската репрезентација ги започнува подготовките за дуелите против Словенија и Полска

Со пладневната прозивка,а а вечерва и првиот тренинг, македонската фудбалска репрезентација ги започнува подготовките за дуелите против Словенија и Полска
 
На брифингот со медиумите, селекторот Игор Ангеловски истакна дека верува во фудбалерите и се надева на победа пред се во дуелот против Словенија во Скопје, иако во тимот ќе недостасуваат повредениот Енис Барди како и Егзон Бејтулаи поради суспензија. 
 
„Факт е дека имаме одредени проблеми со составот поради повредите на дел од стандардните репрезентативци, но секако нема жалење околу тоа. Знам дека сите кои ќе настапат ќе го дадат максимумот за да дојдеме до победата против Словенија која потоа ќе ни даде дополнителен мотив за гостинскиот натпревар со Полска“, истакна Ангеловски, додевајќи дека без разлика на проблемите, нема да се менува ништо што се однесува до пристапот во играта, односно Ангеловски ќе инсистира Македонија да игра на гол повеќе од противникот.  
 
„Без разлика на отсуствата, не се жалам, верувам во квалитетот на сите што се тука и дека со една максимална борбеност и дисциплина, можеме да дојдеме до нашата заедничка цел, а тоа е да го добиеме натпреварот со Словенија, дополни селекторот. Добро е што Македонија е во трка за второто место, но пред се треба да се сконцентрираме, прво на Словенија, а потоа и на се друго. Се надеваме на позитивен резултат и да покажеме дека Македонија е подготвена.“ дополни селекторот 
 
Со селекторот се согласува и Стефан Ристовски кој поради провреда ги пропушти претходните два дуели со Израел и Летонија, но дека сега фудбалерот на Спортинг Лисабон е подготвен максимално да го даде својот придонес. 
 
 
„Мина еден долг период од мојот последен меч, пропуштив цели подготовки, но оние што ме знаат, знаат дека сум човек кој не се откажува. Имам една недела тренинг, но ќе видиме колку ќе може да издржам. Овие мечеви бараат одговорност. Факт е дека не сум спремен, но тука сум да помогнам колку можам“, изјави Ристовски. 
 
Вечерва репрезентацијата ќе го одработи првиот тренинг на Националната арена „Тодор Проевски“ каде впрочем во четврток ќе гостуваат Словенците. 
 
Три дена подоцна следува гостувањето во Варшава кај лидерот во нашата група Полска.