Ракомет
18. January 2017 - 16:30

Македонската ракометна репрезентација вечерва игра дуел против Шпанија

Репрезентацијата на Шпанија е четвртиот ривал на Македонија на Светското првенство во Франција. Селекцијата на Шпанија важи за фаворит во дуелот, а тоа го потенцираа и нашите играчи за време на вчерашниот тренинг.

Сепак, избраниците на Лино Червар ветуваат максимална борба со оглед на тоа што евентуална победа може да значи и борба за едно од првите две места во групата и добивање полесен противник во осминафиналето.