Македонската полиција упадна во битолски ресторан - уапсени тројца дилери
- Три лица се уапсени во Битола рано изутринава поради производсто и продажба на дрога, соопшти МВР.
По претходно изготвен план од страна на полициски службеници од Одделот за недозволена трговија со дрога при СВР Битола и полициски службеници од Полициска станица од општа надлежност Битола во 3:30 часот во содејство со инспектори од Управата за јавни приходи извршена е контрола во угостителски објект на улица “Македонски гемиџии” во Битола.
При контрола на објектот легитимирани се 15 лица и од слобода се лишени три лица поради сомнение дека сториле кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори”.
Уапсени се Ф.А.(33), Ф.И.(20) и В.И.(28) сите од Прилеп.
При контролата кај лицата е пронајдена една најлонска паковка со грутчеста материја, која со потврда е одземена од Ф.А. и дадена за вештачење.
Ново на Сител
-
Младите се пречесто на социјалните медиуми – не пребаруваат за политика
-
Наместо зголемени плати за 12%, вработените во култура не добија никаква плата за март - најавија протести
-
Доживотна казна затвор за кочанчанец кој усмрти жена на свиреп начин
-
Приватните специјализанти од понеделник се селат пред здравство
-
Стартува кампањата за парламентарните избори
-
Уште 5 дена кампања за претседателските избори
-
Преглед на вестите од светот
-
Претседателски избори