Македонија
18. July 2020 - 10:53

Македонската полиција уапси Србин кој криумчарел мигранти

На 17.07.2020 околу 23.15 часот на регионален пат с. Давидово - Гевгелија, полициски службеници запреле патничко возило „цитроен“ со српски национални ознаки, управувано од С.С.(35) од Врање, Р Србија. При преглед во возилото биле пронајдени 12 мигранти од Сирија.

Возачот С.С. бил приведен во полициска станица за понатамошна постапка. За настанот бил запознаен Јавен обвинител и се работи на расчистување на настанот.