Македонската полиција приведе 4 лица
Во 08.00 часот на Граничниот премин Долно Блаце, по барање на Интерпол од Сојузна Република Германија, од слобода бил лишен 29-годишниот Г.И. од Косово. Во 11.35 часот, со потврда за предавање на лице, Г.И. бил предадено на полициски службеници од Полициската станица Чаир за понатамошна постапка.
Потоа, во 10.20 часот на меѓуградската автобуска станица во Охрид, поради сомнение дека нелегално престојува во Република Македонија и поради немање на документи за идентификација, полициски службеници го привеле 55-годишниот Ј.Б. од Поградец.
Во 12.50 часот во селото Маково, општина Новаци, полициски службеници извршиле легитимирање на 44-годишниот Е.Т. од Република Албанија поради непријавен престој во Република Македонија, односно поради сторен прекршок според член 139 став 3 од Законот за странци. Е.Т. бил приведен во Полициската станица за граничен премин Меџитлија и во 13.30 часот бил предаден на полициски службеници од СВР Битола за понатамошна постапка.
Во 16.00 часот на улицата „Париска“ во Скопје, по пријава за нарушување на јавниот ред и мир, како и констатиран илегалнен влез во Република Македонија, полициски службеници го привеле 47-годишниот Ф.Д. од Сојузна Република Германија.
Тој бил задржан за понатамошна постапка.
Ново на Сител
-
МНР: Состанок на заедничкиот експертски комитет за историски, археолошки и образовни прашања согласно Преспанскиот договор
-
ЈСП Скопје: Можни се технички проблеми при валидирање со телефон или апликацијата „Скопска“
-
Ангелов: Би работел за СДСМ но за плата од 5000 евра
-
МЗШВ: Лозарите добиваат гарантирана откупна цена на винското грозје
-
Македонија и 11 членки на НАТО ја зајакнуваат соработката за обука на воени пилоти
-
ССМ на 2 април на протест поради одлуката на Врховниот суд, ќе протестира и на 1 мај
-
Полицајци спроведуваат политичка кампања, училиште претворено во штаб на ДУИ
-
Приведено уште едно лице за убиството на докторот во Железара