Македонија
3. December 2018 - 15:23

Македонската полиција при рутинска контрола фати криминалец - еве што пронајдоа во неговото возило

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава  против А.Л.(32) Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи”. На  29.04.2018 година на улица „’Илинденска’’ во Гостивар, полициски службеници извршиле преглед на патничко возило, управувано од пријавениот, и притоа бил пронајден и одземен пиштол „Црвена Застава ТТ М-57” калибар 7,62 мм со рамка со девет куршуми 7,62 мм, за кој не поседувал дозвола.