Македонија
28. November 2015 - 16:53

Македонската полиција под удар на економските мигранти

Македонската полиција под удар на економските мигранти по одлуката за подигнување заштитна ограда на неколку кризни точки на јужната граница. Група лица кои доаѓаат од земји каде нема конфликти утринава од грчка страна со камења и останати предмети фрлаа по безбедносните сили кои ја обезбедуваат државната граница. Од насилничкото однесување на групата економски мигранти за кои ниту европските земји не дозволуваат транзит и влез повредени се 26 припадници на македонските безбедносни сили. Од гевгелиската болница информираат дека 4-ца се со потешки повреди и никој не е во во живото загрозувачка состојба.

-Зачудени сме од овој изблик на насилство, имајќи во предвид дека границата е отворена. Повторуваме дека нашите одлуки за динамиката на протокот, при што се пропуштаат за транзит само лица кои доаѓаат од регионите кои се зафатени со воени конфликти, се условени од одлуките на другите земји на рутата кои ја пропуштаат само ова категорија на мигранти. Нема никаква причина за насилно однесување. Повторуваме дека оградата служи како дел од техничко-тактичките мерки за насочување на лицата кон контролните пунктови заради регистрација и хуман третман, за да не се случат пропусти заради несоодветно регистрирање кои може да водат кон несакани безбедносни последици, вели висок извор од Владата.