Македонија
5. May 2018 - 12:38

Македонската полиција ги тресеше баровите - приведени стриптизерки од Србија

Полицијата тресеше локали низ Тетово, уапсени неколку странски државјанки.  Според информациите од МВР, од 23.00 до 02.30 часот на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Тетово од страна на полициски службеници извршена била акциска контрола во врска со злоупотреба на туристичкиот престој со работа по угостителски објекти, при што во угостителски објект лоциран во с.Жеровјане, биле затекнати и приведени 10 лица-странски државјанки, од кои осум државјанки на Р.Србија, една од Босна и Херцеговина и една од Р.Бугарија.

 Лицата биле задржани во полициска станица за понатамошна постапка.