Спорт плус
17. August 2017 - 18:59

Македонската пинг-понг репрезентација се подготвува за ЕП

 
 Македонските пингпонгари се подготвуваат за настап на Европското првенство за сениори и сениорки кое ќе се одржи во Луксембург во средината на месец септември.
 
На почетокот на овој месец македонската репрезентација во состав: Теодор Кировски, Венко Стојанов и Методиј Бужаровски во машка конкуренција и Ива Димитриевска, Бојана Михајловска и Ана Стојановска во женска конкуренција, учествуваше на сениорско У21 Балканско Пинг-Понгарско првенство во Подгорица каде го освои шестото место.
 
Претходно, избраниците на селекторот Миле Петрески беа настапија на турнирот „Подгорица Опен“ каде освоија осум медали во јуниорска и кадетска конкуренција.