Спорт плус
7. јуни 2021 - 12:02

Македонската Кикбокс Маитаи федерација освои 22 медали на меѓународниот турнир во БиХ

Македонската Кикбокс Маитаи федерација составена од натпреварувачи од 6 македонски клубови викендов зема учество на меѓународниот кикбокс турнир во Босна и Херцеговина Grand Prix Сараево во Илиџа.

Најуспешен Македонски клуб е КБК Шампион.

- Турнирот во Сараево помина одлично. Добро е што ниту еден од натпреварувачите нема здобиено никакви повреди. Задоволен сум од постигнатиот успех на сите натпреварувачи. Балканското првенство што две години ни се одлага, не по наша кривица, конечно имаме датум закажано и ќе се одржи на 3-4 септември во Македонија во Скопје, изјави претседателот на Кикбокс Маитаи федерацијата на Македонија М-р Дејан Митровски Урко.

Еве ги резултатите од секој клуб посебно и сите клубови заедно како репрезентација:

КБК Шампион:

4 - злато

3 сребро 

 

КБК Гладијатор-Штип:
1- златни
1- сребрени

КБК Тетово:

3 - сребро

1- бронза

 

КБК АС Делчево:

1- злато

1- бронза

 

КБК Гладијатор - Скопје:

1 - злато

1 - сребро

2 - бронза

 

КБК Куманово 2006:

1 - сребро

2 - бронза