Македонија
30. јуни 2017 - 17:16

Македонската евровизиска претставничка Јана ќе настапи на „Златни денови“ во Кратово

Во петок, 30.06.2017, македонската евровизиска претставничка на овогодинешната Евровизија, Јана Бурческа, ќе настапи на „Златни денови“ во Кратово со нејзината светски позната песна, Dance Alone, со којашто ги освои европските срца за времетраење на евровизиската еуфорија. Организаторите порачуваат дека им претставува исклучително задоволство што граѓаните на Кратово и посетителите ќе ја имаат можноста да уживаат во прекрасните вокални и музички способности и ќе можат да ја почуствуваат евровизиската енергија.

Во поглед на претстојната изведба на евровизиската песна и нејзиното музичко сплотување со кратовската публика, нашата Јана истакна „Возбудена сум што Dance Alone ќе биде повторно изведена во живо, но овој пат пред македонска публика. На публиката ќе и пренесам добра енергија и ентузијазам, а најубавото чувство за еден изведувач е кога ова е двострано.  Ме радува што сум дел од настан кој го збогатуваат многу  домашни музички имиња од кои дел се и артисти на кои особено им се восхитувам. Ќе има забава, ќе има дружба, ќе има музика!“. Исто како и Јана и публиката од Кратово, Македонија и од Регионот со возбуда ги очекуваат тоновите и интерпретацијата на евровизиската претставничка на „Златни денови“ во Кратово.

Дел од евровизиската атмосфера ќе биде пренесена во Кратово, затоа секој кој сѐ уште не ја проследил програмата за претстојните музички денови топло му се препорачува да го збогати своето културно исполнување со посета на градот за време на Златни Денови.

Повеќе информации може да се најдат ТУКА