Бизнис
9. December 2015 - 20:05

Македонската економија е на прав пат, оценуваат странските инвеститори во земјава

Македонската економија се соочува со предизвици како и остатокот од регионот, но е на прав пат, а во некои области и предничи, смета советот на странски инвеститори во земјава.

Советот се сретна со претставници на ММФ и на Светската банка кои го презентираа извештајот за состојбите во централна и југоисточна Европа, вклучувајќи ја и Македонија.

Штефан Петер, претседател на Советот на странски инвеститори при СКМ

ММФ и Светската банка предвидуваат солиден раст на македонската економија и покрај забавувањето заради политичката ситуација, додека бегалската криза останува потенцијален проблем, како и за останатите земји.

Регионот збирно бележи забрзан економски раст поттикнат од зголемената побарувачка и извозот, констатираат меѓународните финансиски институции.