Македонската државјанка која беше во карантин во Франција нема коронавирус и е вратена во државава
Македонската државјанка, која со посредство на амбасадите на Република Македонија во Пекинг и Париз, беше евакуирана од кинескиот град Вухан и помина 14 дена во карантин во Франција се наоѓа во одлична здравствена состојба и поседува соодветен сертификат дека не е инфицирана со коронавирусот. Во координација со амбасадите во Париз и Софија, успешно е спроведена постапката за нејзино враќање во земјава и во моментот се наоѓа во Република Македонија, информираат од Министерството за надворешни работи.
Македонскиот државјанин, кој има коронавирус и е хоспитализиран во болница во Јапонија, посочуваат од МНР, се чувствува добро и е во стабилна здравствена состојба, а Амбасадата на Република Македонија во Токио е во постојан контакт со него.
Од МНР истакнуваат дека Амбасадата редовно комуницира и со останатите двајца македонски државјани кои во моментот се наоѓаат во карантин во крузерот „Diamond Princess” во пристаништето во јапонскиот град Јокохама и кои изјавуваат дека се чувствуваат добро и дека досега не пројавиле симптоми кои може да укажуваат на присуство на коронавирусот.
Ново на Сител
-
Излезноста до 13 часот е 26.35 отсто
-
Утре нова рунда од дијалогот Белград-Приштина
-
Во Крива Паланка излезноста на изборите до 11 часот е 24,5 отсто
-
Штипјанец и скопјанка ги фотографирале гласачките ливчиња
-
Во Велес до 11 часот излезноста на изборите е 16,34, во Чашка 15,27, во Градско 20,62 проценти
-
Ангеловски: Пронајдена испукана димна бомба на гласачко место во Скопје
-
Излезноста до 11 часот на избирачките места во Кочанско е околу 13 отсто
-
Сончево, попладне со услови за краткотраен дожд