Македонија
18. August 2019 - 17:27

Македонската армија одбележува 27 години од формирањето

По повеќе од две децении реформи и решавање на долгогодишниот спор околу името со Грција ,со потпишувањето на Преспанскиот договор дојдовме на само еден чекор до исполнувањето на целта земјата да стане членка на НАТО Патот кон НАТО е изоден преку макотрпни реформи и максимална посветеност на вооружените сили истакна претседателот Стево Пендаровски на свечената прослава по повод Денот на Армијата во Охрид.

Министерката за одбрана Шеќеринска најави дека две години по ред се зголемува  буџетот на одбраната, набавена е нова опрема , а според новиот правилник месечна заработка на сите учесници во мировните и хуманитарните операции ќе биде повисока за 500-700 евра.

На 27 -от роденден на Армијата во Охрид на кој присуствуваа највисокиот воен и државен врв претседателот Пендаровски со медали за воени заслуги ги одликува сквадронот на транспортни хеликоптери и Канцеларијата за врски на НАТО во Скопје .