Македонија
28. March 2018 - 18:15

Македонската актерка која беше исчезната пронајдена мртва во САД

25 годишната македонска актерка Адеа Шабани која исчена минатиот месец во Лос Анџелес е пронајдена мртва закопана во гроб. По два месеци трагање, детективите следејќи ги трагите од исчезнатата, пронашле импровизиран гроб, свежо ископан во кој било оставено телото на Шабани, на околу 80 километри од Сакраменто, во Јужна Калифорнија. Телото е пронајдено минатиот четврток  но жртвата е идентификувана вчера.

Полицијата претпоставува дека се работи за телото на младата актерка Шабани,  но не може да се потврди со сигурност поради состојбата во која се пронајдени останките. Според инспекторите кои работеа на случајот, се  работи за убиство но деталите за причините за смртта треба да ги открие аутопсијата која е закажана за утре.

- Капетанот Вилијам Хејес од одделот за убиство и грабежи во ЛАПД( Инспекторите од Лос Анџелес го проверуваа детално  теренот околу крајбрежјето. Пронајден е импровизиран плиток гроб во кој се откриени човечки  останки.. Поради лошите услови на теренот во кој се пронајдени се уште не можеме да ги потврдиме останките. 

За убиството полицијата го сомничи 33 годишниот Крстофер Спотц кој бил во врска со Шабани, кој се самоуби минатиот четврток откако полицијата покрена потера по него.

Последен пат е видена жива на 23 февруари утрото на неколку блокови оддалеченост од нејзиниот дом. По младата Шабани беше распишана потерница и се нудеше награда од 25 000 долари за оној кој ќе ја пронајде.

Адеа Шабани во  Лос Анџелес заминала пред две години за да студира на Академијата за актерство во Холивуд и да  ја продолжи манекенската кариера. Средното училиште го завршила во Скопје а во 2010 заминува на студии во Париз од каде се сели во Америка.

Смртта на младата актерка и манекенка Адеа Шабани трогна многумина од јавните личности во Македонија кои се збогуваа со неа преку социјалните мрежи.