Македонска Каменица домаќин на Europ’Raid
Македонска Каменица по втор пат се најде на мапата на популарната француска иницијатива Europ’Raid. Учесниците на најголемата европска рели авантура во текот на минатата вечер ноќеваа на манастирско-туристичкиот комплекс „Еленец“ во село Цера, Македонска Каменица.
Како што истакнаа од здружението за културни настани „Ас-Гард“, претходно во рамки на настанот била организирана и солидарна акција.
- На патот низ 20 европски земји, за дваесетина дена, единствената локација за ноќевање на 750 млади Французи во Македонија беше малата рударска општина. Французите кои патуваат низ Европа со возила од марката „Пежо 205“ организираа акција која имаше солидарен карактер. Акцијата се состоеше во собирање донации за основното училиште и за локалните спортски клубови во Македонска Каменица. Морам да нагласам дека ова беше повеќе од успешна акција, бидејки во нејзини рамки беа собрани над шест тони училишен прибор. На акцијата и претходеа и спортски активности, во чии рамки се одиграа натпревари во кошарка, рече Васко Десподовски од „Ас-Гард“.
Гостите од Франција рано утрово поминувајки низ Делчево, се упатија кон соседна Република Бугарија, од каде го продолжуваат своето патешествие и во други европски земји.
Ново на Сител
-
Трет ден потрага по Данка, проверка на базните станици и телефоните на родителите
-
Хрватска: Наполитанки Кит Кат повлечени од пазарот
-
Две лица се приведени за убиството на лекарот во Железара
-
Се финализираат коалициите пред почетокот на кампањата за претседател следната недела
-
Во Собранието последна нова седница во овој парламентарен состав
-
Путин: Во Европа го плашат народот дека ќе ги нападнеме, сакаат да им ги земат парите
-
Четворица убиени, петмина избодени во напад во Илиноис
-
Руските сили гранатираа 17 населени места во областа Херсон, две лица загинаа