Македонија
23. July 2019 - 13:23

Македонска државјанка приведена на косовската граница поради фалсификуван документ

 

Косовската гранична полиција вчера на граничниот премин Блаце кај Генерал Јанковиќ, привела македонска државјанка, осомничена дека фалсификувала документ за гранично осигурување, јави дописникот на МИА од Приштина.

Како што објави телевизијата Клан Косова, со одлука на надлежен обвинител полицијата го конфискувала документот, додека осомничената е ослободена и случајот е испратен во редовна судска процедура.