Македонска делегација на молебен на гробот на Св. Кирил во Рим
Во рамките на манифестацијата „Македонија во чест на Св. Кирил“, министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Попоски, денеска во Рим ја предводеше државно - црковната делегација на молебенот на гробот на Св. Кирил во базиликата „Сан Клементе“.
Како што соопшти МНР, во присуство на бројни гости, со молебенот, на гробот на Светителот, чиноначалствуваа митрополитот дебарско – кичевски Тимотеј и митрополитот Европски г. Пимен.
Традиционалната манифестација „Македонија во чест на Св. Кирил“ утре ќе биде збогатена со настап на музичката група „Баклава“, која во Рим ќе ја претстави македонската изворна музичка традиција.
Министерот Попоски, на 26 мај, како дел од државно - црковната делегација предводена од претседателот Ѓорге Иванов, ќе присуствува на аудиенцијата кај Папата Франциск, а веднаш потоа ќе го придружува македонскиот претседател на средбата со државниот секретар на Светата Столица, кардиналот Пиетро Паролин, во Апостолската Палата.
Ново на Сител
-
Гласање во затвор „Идризово“, запишани 887 избирачи
-
Гласаат затворениците во Штип
-
Управен ја запре постапката за вработување на 130 кандидати за идни судии и јавни обвинители
-
ДСЗИ констатира незаконско работење на Токсикологија – лица без договор за работа давале здравствени услуги
-
Супервештачење за случајот Веапоска која остана без три органи
-
Ученикот кој претепа наставничка ќе биде префрлен во друго училиште
-
Просечната плата помала за 5 евра, трошоците зголемени за 20 евра - синдикалната кошничка надмина 1.000 евра
-
Протест во прилепскиот затвор