Македонија
11. February 2019 - 16:34

Македонска академска култура - ѓубрето во студентскиот дом ,,Пелагонија‘‘ се фрла од прозорец

Студентскиот дом Пелагонија е претворен во дива депонија. Во близина на центарот на градот во Кисела Вода, во  оваа зграда живеат идни лекари , професори , инженери, економисти, правници. Контејнерите се насекаде околу нив, но тие отпадот го фрлаат од прозорец . Оваа слика секојдневно ги згрозува минувачите а според дојавите, соседите  секојдневно стравуваат дека можат да  бидат погодени од ќесе со ѓубре. Студентите од домот потврдуваат дека опадот е од нив и признаваат дека меѓу нив има такви без основна култура.  

Од утрово дворот го чистеа вработените во домот. Со гребла и лопати им беа потребни часови за да го соберат отпадот од под прозорците на академските граѓани. До сега не биле ниту еднаш казнети вели директорот бидејќи половина од станарите се социјални случаи.

– Ние секој ден интервенерираме. Утрово чистат вработени,Ова се случи за викенд тогаш фрлаат пповеќе кога нема администрација. Разговараме со студентите многу и со управниот одбор одлучивме да ставиме камери и да има строги казни. Одиме со разбирање но не разбираат.

Социјалните случаи се, без пари ним државата им покрива трошоци. Ако ги избркаме нема кај да одат. Но културата е наша тоа е.

Според директорот девојчињата се тие кои повеќе фрлаат отпад преку  прозорец.

Во студентскиот дом се сместени околу 1000 студенти од кои само половина од нив  плаќаат месечно по 3600 денари, за другите државата финансира.