Македонки повредени во сообраќајка во близина на албанско македонската граница Ќафасан
Четири македонски државјанки се полесно повредени во сообраќајна несреќа што доцна попладнево се случила во близина на преминот „Ќафасан“, на албанско-македонската граница. Во несреќата учествувало и возило со македонски регистарски таблички.
Елетронското издание на весникот „Шекули“ пишува дека во несреќата полесно се повредени македонските државјанки Валерија К. (25), Орхидеа В. (38), А.В.(17) и Андреа К.,кои добиле потребна здравствена услуга во болницата во Либражд.
Полицијата врши увид. Според сознанијата, автомобилот во кој биле Македонците, од се уште непознати причини, преминал на спротивната страна на коловозот и удрил во автомобил со албански регистарски таблички, а потоа во нив удрило и друго возило.
Најверојатно причина за несреќата е влажниот коловоз и неприлагодената брзина на движење според условите на патот.
Ново на Сител
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 13 часот
-
Просечна излезност до 11 часот
-
ОБСЕ: На крајот на денот ќе оцениме како се одржало гласањето
-
Аналитички центар на Сител: Просечна излезност до 9 часот
-
Министерот се премисли: Основците нема да одат на училиште во сабота
-
Агресијата кај учениците е резултат на целокупната состојба во државата
-
ВО ЖИВО: Нема настава во сабота
-
Тема на денот со претседателот на ДИК, Александар Даштевски