„Македонијалек“: Утврдена помала техничка грешка при аплицирање на декларациите, МРП вакцините се со врвен квалитет
Сите МРП вакцини од марката „Priorix“, кои ги дистрибуира „Македонијалек“ се со важечки рок и сигурни за користење. На вакциналните пунктови се дистрибуирани вакцини од две серии, едната со важност до мај 2019 година, а другата до јули 2019, соопштија од компанијата, која е увозник и дистрибутер на тие вакцини, а по извршената внатрешна контрола за проверка на наводите изнесени во јавноста за можно присуство на вакцини со поминат рок.
Од компанијата посочија дека при контролата откриена е помала техничка грешка која вработените ја направиле при аплицирање на декларациите. Имено, наведуваат од компанијата, кај мал дел од пакувањата се аплицирани старите декларации со датумот од претходниот увоз, односно октомври 2018.
Нашата компанија се извинува за овој пропуст и непријатностите кои биле предизвикани. Овие пакувања веднаш се повлечени за да нема натамошни забуни во јавноста и соодветно ќе бидат заменети. Граѓаните може да бидат сигурни дека сите вакцини се со врвен квалитет и важечки рок. Горенаведената вакцина нашата компанија ја увезува од 2016 година и таа во континуитет, непрекинато се испорачува до здравствените установи со стандарден квалитет. „Македонијалек“ стои на располагање за соработка со институциите за целосно расчистување на овој случај, истакнуваат од компанијата.
Ново на Сител
-
Ковачевски од Демир Капија: СДСМ и Коалицијата се единствена опција за европска иднина на државата
-
Силен земјотрес ја стресе Турција
-
Покрај отстапката на властите сите локални избори да бидат на 2 јуни, опозицијата се уште без став дали ќе излезе на избори
-
Николоски: На овие избори се одлучува дали Али Ахмети ќе продолжи да газдува со Македонија
-
За 3 дена во странствo ќе заработам како за 3 години тука | Ана Марија Јанковиќ | Sitel Podcast 027
-
Дачиќ за Бујар Османи: Интересно е дека Пендаровски не бил информиран за резолуцијата за Сребреница
-
Столтенберг: НАТО работи на испраќање повеќе ПВО системи во Украина
-
Бислими: Српската страна не нуди идеи за решавање на проблемот на употребата на динарот на Косово