Бизнис
8. јуни 2016 - 15:35

„МакедонијаБукинг“ со нова кампања за промоција на туризмот

Веб страната за резервирање на туристички објекти во Република Македонија www.macedoniabooking.com почнува кампања за промоција на природните убавини на Македонија преку нудење сместувачки капацитети во туристичките места и во недопрените скриени локации.

Кампањата насловена како „Викенд бегство” ќе промовира по една локација секоја среда, која во текот на една недела ќе може да се резервира по најниски цени, а купената понуда да се искористи во следните два месеци.

Како составен дел на понудата ќе има и понуда на активности во кои што туристите ќе можат да уживаат и местата карактеристични за секој регион кои што ќе можат да ги посетат.

- Станува збор за една комплетна понуда, за која се надеваме дека ќе биде интересна за сите авантуристи и љубители на одмор, релаксација, спорт и традиционална македонска кујна, велат од „МакедонијаБукинг“.

Прва локација за оваа среда е „Вила Минами“, сместена во селото Коњско на планината Галичица, на оддалеченост од 10 километри од Охрид.

Понудата може да ја разгледа на следниот линк:  http://www.macedoniabooking.com/product/vila_minami_ponuda/.