Македонија
28. July 2017 - 12:37

Македонија завиена во црно: На патиштата загинаа две млади момчиња

Рано утрово околу 04,00 часот на магистралниот пат Струмица-Ново Село, кај м.в.„Сушичко Стопанство“, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Фолксваген Голф“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Р.П. (46) од с.Василево и трактор на кој се превезувале повеке лица меѓу кои и Д.Р. (23) с.Вирче, делчевско, кој починал од здобиените повреди. Увид на местото извршила екипа на СВР Струмица.

Ова е втор случај со смртни последици на македонските патишта во изминатото деноноќие.

Имено, вчера околу 13,45 часот во Прилеп, на шумски пат на м.в. „Присој“, Е.Б. од Прилеп, управувајќи теренско возило „ФАП“ со прилепски регистарски ознаки, сопственост на ШП „Маркови кули“, се превртел. Во незгодата починал сопатникот Д.М. (23) од Битола. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Битола.

Во истиот период во три одделни сообраќајни несреќи тешко овредени се три лица, од кои едно 7-годишно дете од Скопје.