Македонија
29. October 2024 - 16:39

Македонија за прв пат добива Стратегија за развој во следните 20 години

Македонија за прв пат добива стратегија за развој на клучните сектори во следните 20 години. Со 70 гласа ЗА Собранието ја усвои Националната стратегија 2024-2044. Документ  подготвен во соработка со УНДП финансиски поддржан од Британската амбасада и министерството за финансии на Словачка, но и со надпартиски консензус, академици од МАНУ, стопански комори, граѓански организации, претставници на ранливи групи и младински организации. Предвидува конкретни акции за развој на сите сектори, од животна средина, економија, образование, демографија.

Овој документ ќе биде основа и за стратегијата која треба да биде подготвена во соработка со МАНУ. Премиерот Мицкоски и денеска со повик до опозицијата да го поддржи документот кој треба да овозможи развој на државата, а ќе биде различен од оној кој денеска е пред пратениците.

- Па јас не очекувам од СДСМ да поддржува владини политики, мислат дека таа им е добра стратегија, јас не мислам дека е таа добра стратегија. И мислам дека тука новиот претседател на СДСМ има внатрешни проблеми на луѓе кои го носат во длабоко и се обидуваат што побргу да го удават, бидејќи имаат свои некои интереси внатрешно во партијата, но тоа е нивен проблем, не е наш проблем. Тоа се сосема два различни документи, овој со Македонската академија на науките и уметностите е стратешки документ којшто третира области коишто не се содржани во оваа Национална стратегија и така натаму. Нешто коешто е многу важно. Нешто коешто е многу важно и во име на тоа јас ги повикувам уште еднашка да размислат и да застанат позади оваа иницијатива, вели премиерот Мицкоски.

 Националаната стратегија со соработка со највисоката научна институција во државата премиерот Мицкоски ја најави на одбележувањето на денот на ВМРО, а првиот човек на МАНУ експресно ја прифати.