Бизнис
31. October 2018 - 19:41

Македонија за 60 години ќе го достигне европскиот стандард, Светска банка со 30 милиони евра ќе го подобрува пазарот на трудот

Светска банка со 30 милиони евра ќе го подобрува човечкиот капитал во земјава. Парите ќе бидат инвестирани во период од 2019 до 2023 години во подобрување на условите за развој на децата, посебно во градинките. Целта е што повеќе деца на возраст од 3 до 6 години да бидат згрижени во овие установи.

Децата родени сега во земјава животниот стандард на своите врсници од ЕУ ќе го постигнат за 60 години. Периодот ќе се преполови ако Макеоднија остварува стапки на раст од над 3% подолг период. Прв чекор во овој правец се реформите во образовнието за тоа да може да испорача работници кои му се потребни на бизнисот, кои ќе бидат продуктивни.

Светска банка досега има вложено над 430 милиони долари за поддршка на човечкиот капитал во земјава. Банката деновиве одбележува 25 години присуство во Македонија.