Македонија втора по смртност од коронавирус во регионот

Македонија и денес е со поразителни резултати на листите кои прават статистика на заболени и мртви од коронавирусот.
Меѓу земјите од регионот, само Словенија има поцрни бројки.
По број на мртви на еден милион жители, Македонија бележи 17, а Словенија 24. Сите останати земји имаат помал црн биланс од нашиот.
Имено, оваа бројка во Турција изнесува 13, во БиХ е 11.
Грција има 9 мртви на еден милион жители, а Албанија и Србија по 8. Следуваат Хрватска со 5, Бугарија со 4 и Црна Гора 3.
Ова е листата на заразени граѓани на еден милион жители:
Турција 619
Словенија 571
Црна Гора 425
Србија 387
Хрватска 374
Македонија 365
БиХ 297
Грција 200
Албанија 150
Бугарија 96
Колку тестови се направени на еден милион жители?
Словенија 16489
Црна Гора 4568
Турција 4036
Хрватска 3822
Македонија 3673
Грција 3583
Бугарија 2663
БиХ 2106
Србија 1877
Албанија 1266.
Ново на Сител
-

Обрадовиќ повеќе не е тренер на КК Црвена Звезда
-

Трамп го уверил Нетанјаху дека секој конечен договор со Иран ќе го вклучи и иранското нуклеарно досие
-

Уапсен тетовец кај Фонтана во Градски парк, физички нападнал полицаец
-

Мицкоски: Народ кој не ја познава својата писменост лесно станува туѓ во сопствената историја
-

18-годишник со автомобил излетал од патот и тешко се повредил
-

Во летниковец на Средно Водно пронајдено безживотно тело на 64-годишен маж
-

Константин Филозоф – св. Кирил: 42 години живот и дело што се памети 12 века
-

Уапсен водич во автобус од Косово, пробал да подмити полицајци со 50 евра
