Македонија во жолта алертна фаза - денеска до 38 степени и УВ индекс 9
Многу топлото време со натпросечна максимална температура се очекува и денеска, а жолта алертна фаза е најавена во Охридско, Преспанско, Тетовско, Гостиварско, Кичевско, како и во југоисточните делови на Македонија.
Температурата ќе се движи од 30 до 38 степени.
За попладне е најавена локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи.
Во Скопје сончево и многу топло со мала до умерена облачност, попладне во скопската котлина со услови за локален пороен дожд и грмежи. Температурата ќе се движи од 17 до 35 степени.
Топлото време според најавите ќе продолжи до крајот на месецот кои насекаде ќе надминуваат 30, а долж Повардарието и 35 степени. Ултравиолетовото зрачење ќе биде многу високо, а вредноста на УВ индексот ќе изнесува 9.
Услови за појава на локален пороен дожд и грмежи ќе има во вторник во попладневните часови, кога не е исклучено овие процеси на места да бидат поинтензивни. Услови за нестабилност ќе има и во скопската котлина, особено во понеделник. скс/са/09:06
Ново на Сител
-
ДИК: Oбработени 96,37% од гласовите, Силјановска Давковa 351.826 - Пендаровски 174.658
-
ДИК: Oд обработени 90,18% oд гласовите Силјановска Давкова 325.150, Пендаровски 162.062
-
Ковачевски: Знам дека многу наши поддржувачи се разочарани, но сега не е време за откажување
-
ДИК: Oд обработени 87,17% oд гласовите Силјановска Давкова 315.638, Пендаровски 156.406
-
Мицкоски: Победуваме со над 170.000 гласа разлика
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Димитриевски: Испишуваме историја, се роди 3-тата политичка сила во македонскиот политички блок