Македонија
3. August 2017 - 17:11

Македонија во портокалова фаза, од утре температури и до +40

Трудниците и постарите од 60 години утре да бидат ослободени од работни обврски. Градежниците да не бидат на отворено во периодот од 11 до 17 часот.

Овие препораки ги издаде Министерството за здравство откако земјата ја зафати топлотен бран со многу високи температури. Здравствените власти со препорака во најтоплиот период во денот да нема и спортски активности а во градинките да не ги изнесуваат децата надвор. Екипите на Брза Помош денеска не итервенирале кај колапси, но имаат јавувања од хронично болните кои најмногу страдаат од пеколното време. 

-Бројот на повици е вообичаен и стандарден за овој период од годината. Засегнати се луѓето со хипертензии, циркулаторни и белодробни заболувања, вели  др. Елена карева Пиловска од Брза Помош - Скопје. 

Хронично болните редовно да ја земаат пропишаната терапија и доколку имаат здравствен проблем да го контактираат матичниот лекар. Работниците да имаат обезбеден одмор под сенка и да добиваат доволно течности на секои два часа, советуваат од Комисијата за топлотни бранови. 

-Мора телото да се адаптира, особено при излегување од климатизирани простории на топло. Довно внес на течности и рехидсрирање и секако оние стандардни и постојани општи препораки за носење на светла облека и внимавање со лесната и расиплива храна особено овие топли денови, вели др. Пиловска.

Надлежните најавија дека следните три дена труд и социјала и екипи на Црвениот крст ќе ги згрижуваат бездомните лица од улиците а ќе ги контролираат и работодавачите дали ги почитуваат препораките.